Милан е силно заинтересиран за белгискиот играч за врска, Самби Локонга, кој минатото лето се пресели во Арсенал.




Локонга во првите неколку месеци играше редовно, но подоцна го загуби местото во првиот тим кај Артета.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
22-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и Милан сака да го донесе во јануари.




Белгиецот исто така сака да ја промени средината бидејќи не добива голема минутажа и наводно веќе постигнал договор со „росонерите“.




Милан ќе се обиде да го донесе во јануари на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната за 15 милиони евра.