Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Милан се приклучиле во битката за потписот на играчот на Бенфика, Алехандро Грималдо.
21-годишниот Грималдо оваа сезона игра одлично во дресот на лисабонскиот клуб и го привлече вниманието на многу европски гиганти како Манчестер Сити, Јунајтед, Баерн Минхен, а сега во трката за неговиот потпис се вклучуваат Милан и Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Грималдо подеднакво добро игра како лево крило и како лев бек, поникна во школата на Барселона, а „експлодира“ оваа сезона во дресот на Бенфика.
Сепак, Бефика не сака така лесно да се откаже од својот бисер, а во неговиот договор има откупна клаузула која изнесува 60 милиони евра, сума која никој од споменатите клубови не е спремен да ја плати.