Дома Македонски спорт Доријан Бабунски: Мораме да бидеме поефикасни од првиот натпревар против Грузија!

Доријан Бабунски: Мораме да бидеме поефикасни од првиот натпревар против Грузија!

Репрезентацијата на Македонија денес ги започна подготовките за последните два натпревари во Лигата на Нации против Грузија и Бугарија.

Селекторот Милевски се соочува со многу проблеми и повреди на репрезентативците. Во последен момент отпадна капитенот Стефан Ристовски, а на негово место повик доби Егзон Бејтулаи. Од планираниот состав на Милевски претходно отпаднаа Валон Етеми и Дарко Чурлинов.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Доријан Бабунски зборуваше за медиумите пред двата важни натпревари во Лигата на Нации. Македонија има шанси за првото место во групата, меѓутоа Грузија е во многу подобра позиција од нас поради победата во Скопје.

„Во првите натпревари според мене покажавме едно високо ниво и ако продолжиме со ист начин очекувам подобри резултати. Мораме да бидеме поефикасни, посебно тој натпревар против Грузија, пропуштивме неколку шанси, одигравме одлично и во поглем дел од натпреварот бевме подобри на теренот“.

„Недостасуваат неколку играчи, но тие што се тука имаат добар старт од сезоната и верувам дека ќе го задржиме нивото што го прикажвме на претходните натпревари“, изјави Бабунски. изјави Бабунски.

Натпреварот против Грузија на гости го играме на 23. септември (петок), а средбата против Бугарија дома е закажана за три дена подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…