Шпанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Марко Асенсио на лето може да се пресели во Барселона.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Наводно таквиот „луд“ трансфер го договара неговиот агент Жорге Мендеш.




Асенсио влезе во последната година од договорот и на лето ќе биде слободен агент, бидејќи јасно е дека Реал нема да му понуди продолжување на соработката.




Иако за Шпанецот интерес покажуваат неколку европски гиганти, сепак тој може да се пресели во редовите на најголемиот ривал.




Чави го посакува во своите редови, а навивачите сигурно никогаш нема да му го простат таквото „предавство“ доколку се реализира овој трансфер.