Дома Топ вести Манчестер Јунајтед може да го „спаси“ Гризман

Манчестер Јунајтед може да го „спаси“ Гризман

Манчестер Јунајтед го обнови интересот за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, пренесува „Атлетик“.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да ја искористат ситуацијата во која се наоѓа Гризман и да го донесат на „Олд Трафорд“ во јануари.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Како што е познато Гризман е во сопственост на Барселона и игра во Атлетико како позајмен фудбалер. Во неговиот договор има клаузула според која Французинот ако одигра 50% од натпреварите најмалку 45 минути ќе мора да биде откупен на крајот на сезоната.

„Јорганџиите“ за да ја избегнат клаузулата го користат Гризман само во последните 30 минути од натпреварите, па тоа доведе до конфликт помеѓу двата клуба.

Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати сумата од 40 милиони евра која ја бара Барселона, а и самиот Гризман сака да се ослободи од ситуацијата во која се наоѓа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…