Дома Трансфер зона Гвардиола има буџет од 100 милиони, позната најголемата желба

Гвардиола има буџет од 100 милиони, позната најголемата желба

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе има на располагање 100 милиони фунти за зимската селекција, тврдат медиумите на Островот.

„Граѓаните“ беа доста активни на трансфер пазарот во текот на летото и ги доведоа Ерлинг Халанд, Јулијан Алварез, Калвин Филипс и Серхио Гомез.  Меѓутоа, во исто време, тие направија значителни продажби како Габриел Жесус, Рахим Стерлинг и Олександр Зинченко.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, Сити потрошил околу 104 милиони фунти за нови играчи ова лето, а во меѓувреме, клубот заработи околу 250 милиони фунти од продажба на играчи.

Според сите пресметки, „граѓаните“ се во повеќе од добра финансиска кондиција и можат да си дозволат да потрошат прилично сериозна сума за трансфери и во јануари.

Најголема желба на Гвардиола е најдобриот играч од Серија А и ѕвезда на Милан, Рафаел Леао, за кого е спремен да понуди 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…