Дома Трансфер зона Клоп не е задоволен од Артур, експресно го враќа во Јувентус

Клоп не е задоволен од Артур, експресно го враќа во Јувентус

Ливерпул во последниот ден од преодниот рок изненадувачки го доведе Артур Мело од Јувентус на позајмица со право на откуп.

Последните информации велат дека тренерот на Ливерпул не е импресиониран од она што го видел и размислува за прекинување на позајмицата уште во јануари.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Англискиот клуб веќе работи на раскинување на позајмицата, па Артур во јануари би требало да се врати во Јувентус. „Црвените“ платија 4,5 милиони евра за едногодишната позајмица на Артур, а на крајот од сезоната можат да го купат за нешто повеќе од 30 милиони евра.

Клоп смета дека тој нема доволно квалитет да се наметне во тимот и покрај фактот што има многу повредени фудбалери од средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…