Дома Топ вести Ѕвездата на Дортмунд е најголема желба на Флорентино Перез

Ѕвездата на Дортмунд е најголема желба на Флорентино Перез

Шпанските медиуми пренесуваат дека главна цел на Реал Мадрид за следното лето ќе биде ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуди Белингам.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


18-годишниот фудбалер остави одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најсилен интерес за него покажува Реал Мадрид.

Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но планот на Реал Мадрид е Англичанецот да пристигне следното лето и да биде долгорочна замена за Лука Модриќ.

Реал сака да ја победи конкуренцијата од англиските клубови и веќе работи на трансферот, а е спремен да плати 100 милиони евра за неговиот потпис.

Скаути на „кралевите“ го следеле Белингам и синоќа против Манчестер Сити, каде одигра одлично и постигна гол за Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…