Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид одигра фантастична сезона и е на мета на многу европски гиганти.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Најсилен интерес за напаѓачот покажува Милан, кој ќе се обиде да го доведе уште во јануари.
Дејвид одлично ја отвори сезоната и во првите седум кола постигна 4 гола и 2 асистенции, а Лил за неговата слобода бара 50 милиони евра.
Милан е во потрага по напаѓач бидејќи Жиру е во фудбалска зрелост, а Ориги има проблем со повреди, па примарна цел ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент, но тешко дека Лил ќе сака да го пушти на средина од сезоната, па многу поверојатно е да пристигне на „Сан Сиро“ следното лето.