Тоа што се најавуваше од синоќа сега доби официјална потврда, Премиер лигата го одложи 7-то коло кое требаше да се игра викендов.
Поради смртта на Кралицата Елизабета за денес се одложени сите спортски настани во Великја Британија, но се очекуваше потврда за Премиер лигата.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Министерството за Спорт одлуката ја препушти на Премиер лигата, а раководните тела на лигата одлучија да го одложат цело коло.
Поради смртта на кралицата во Британија ќе има 10-дневна жалост, па поради тоа нема да се игра фудбал викендов во Премиер лигата.
As a mark of respect to Her Majesty Queen Elizabeth II, this weekend’s Premier League match round will be postponed.
— Premier League (@premierleague) September 9, 2022