Тиаго Алкантара се врати на тренинзите и е дел од тимот на Ливерпул кој патуваше за првиот дуел од групата А во Лигата на шампионите против Наполи.
„Тиаго тренираше два дена по ред и е подготвен. Мора да видиме колку долго ќе може да игра“, изјави менаџерот Јирген Клоп пред натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, капитенот Џордан Хендерсон останува надвор од терените поради повредата што ја заработи при минатонеделната победа над Њукасл. Играчот од средниот ред ќе се врати на терените по репрезентативната пауза.
Фабио Карваљо и Кертис Џонс исто така не отпатуваа за Италија и нема да бидат на располагање за мечот против Наполи.