Дома Фудбал Англија Клоп е во големи проблеми: Што се случува со најдобрите во Ливерпул?

Клоп е во големи проблеми: Што се случува со најдобрите во Ливерпул?

Ако денот по утрото се познава, Ливерпул го чека сезона во која ќе има проблеми.

Тимот кој е преодреден за големи дела и од кој се очекуваше да биде на врвот се наоѓа на шестото место и Манчестер Јунајтед има шанса да ги помине после денешното дерби против Арсенал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчите од кои најмногу се очекува не се во најдобра форма.

Мохамед Салах – постигна два гола и запиша асистенција сезонава, но тоа не значи дека беше на нивото на задачата. Ѕвездата на Ливерпула на десната страна делува одсутно и предвидливо. Дека не е на нивото најдобро се виде во натпреварот кој Ливерпул го доби со 9:0, а Салах ниту постигна гол, ниту асистираше. Пропушти неколку големи прилики.

Можеби проблемот е што на другата страна го нема Садио Мане, па така противниците можат повеќе да се посветат на Салах.

Тренет Александар Арнолд – своевремено беше претставен како најдобар бек кога Ливерпул ја освои Премиер лигата. Трент ја одржуваше формата се до оваа сезона и сега е далеку под очекувањата. Посебно се гледа проблем во пас играта, а и Јирген Клоп не му верува како претходно. Два пати во низа беше заменет.

Вирџил Ван Дајк – Митровиќ во првото коло успеа да го надигра и да постигне два гола. Проблеми имаше и после тој натпревар. Слаб беше против Манчестер, голот на Санчо до некаде е негов, тука е голот на Алмирон од Њукасл кога можеше да биде исклучен…Воопшто не личи на стариот Ван Дајк.

Енди Робертсон – Префрлен е на клупата, не е повеќе на нивото од претходно и исто така нема некоја посебна причина. Шкотланѓанецот заедно со Арнолд сочинуваа тандем од соништата, но сега се целосно друга приказна.

Едно е сигурно, Клоп е во големи проблеми, дали брзо ќе пронајде решение времето ќе покаже…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…