Дома Трансфер зона Батшуаи сепак прави трансфер, но во Турција

Батшуаи сепак прави трансфер, но во Турција

Мичу Батшуаи беше многу блиску до останување во Премиер лигата, но неговиот трансфер во Нотингем Форест пропадна во последен момент.

Се очекуваше Белгиецот во финишот од преодниот рок да го напушти Челзи и неговото преминување во Нотингем Форест беше завршена работа, меѓутоа се пропадна во последните минути од преодниот рок.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Батшуаи се уште има договор со Челзи до летото 2023 година, иако поголемиот дел од својот престој во Лондон го помина на позајмици.

Јасно е дека за него нема повеќе место во Челзи, а сега може да направи трансфер во Турција, каде се уште е отворен трансфер пазарот.

Фенербахче покажува сериозен интерес да го донесе во своите редови, па двете страни се блиску до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…