Арсенал беше активен и во самиот финиш од преодниот рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Микел Артета создаде одличен тим кој стартуваше со пет победи во пет натпревари во Премиер лигата, а во овој состав на Арсенал немаше место за Метјланд Најлс.




Но, Артета не сакаше да се откаже од овој фудблер. Вечерва Најлс потпиша нов договор со Арсенал со важност до 2024 година, но веднаш и беше испратен на позајмица.




Актуелната сезона Најлс ќе ја одигра во Саутемптон, а потоа би требало да се врати во редовите на „топџиите“ затоа што во договорот нема опција за откуп.