Дома Трансфер зона Арсенал постигна договор со ѕвездата на Астон Вила

Арсенал постигна договор со ѕвездата на Астон Вила

Арсенал во последниот ден од преодниот рок сака да го комплетира трансферот на играчот за врска на Астон Вила, Даглас Луиз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Даглас Луиз синоќа му даде гол од корнер токму на Арсенал, а денес ги договори личните услови со „топџиите“.

Според медиумите „топџиите“ ќе понудат 20 милиони фунти за Бразилецот, кој влезе во последната година од договорот со Астон Вила.

Даглас Луиз притиска за трансфер на „Емирати“, но Астон Вила тешко дека ќе прифати да остане без така важен фудбалер во последниот ден од трансфер пазарот.

Сепак, трансферот е можен со оглед на фактот што на крајот на сезоната Бразилецот ќе биде слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…