Милан во последниот ден од преодниот рок ќе се обиде да го комплетира трансферот на Сержињо Дест од Барселона
Флоренци подолго време ќе биде надвор од терените поради повреда на бутниот мускул, па Милан сака да доведе алтернатива за Калабрија.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Новинарот Ди Марцио пренесува дека „росонерите“ постигнале договор со Барселона за трансфер на Сержињо Дест.
За Холанѓанецот немаше место во тимот на Чави, па Милан ќе го доведе на позајмица со право на откуп следното лето.
Играчот утре треба да пристигне во Милано на лекарски прегледи и да го комплетира трансферот во Милан.
#Calciomercato I @acmilan, blitz per #Dest e accordo in chiusura con il @FCBarcelona https://t.co/DOFBIOMYPo
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 31, 2022