Дома Трансфер зона Челзи го собори рекордот за најмногу потрошени пари во еден трансфер прозорец

Челзи го собори рекордот за најмногу потрошени пари во еден трансфер прозорец

Челзи денес официјално го објави трансферот на Весли Фофана за кого „сините“ платија 70 милиони фунти и додатни 5 милиони под форма на бонуси.

Французинот е шестото засилување за Челзи ова лето, а клупот претходно потроши 193,1 милион фунти.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Тоа значи дека Челзи на засилувања ова лето потроши вкупни 263 милиони и на тој начин го собори британскиот рекорд за потрошени пари во еден трансферен прозорец.

До утре вечер сумата може да се зголеми бидејќи Челзи работи на уште два трансфери – Ентони Гордон од Евертон и Обамејанг од Барселона.

Апсолутниот рекорд за потрошени пари во еден трансфер период го држи Реал Мадрид, кој летото 2019 година потроши 325,5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Спинацола заминува од Рома, но ќе остане во Серија А?

Според последните најави од Италија, Леонардо Спинацола ќе ја напушти Рома, но ќе остане в…