Пари Сент Жермен на ден пред затворање на трансфер пазарот испрати нова понуда за дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
ПСЖ во текот на летото испрати две понуди за Скриниар, последната од 55 милиони евра, која Интер ја одби.




„Нероаѕурите“ беа спремни да го продадат дефанзивецот за 70 милиони евра, но сега им ја затворија вратата на „светците“ бидејќи немаат време да донесат адекватна замена.




Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ утрово испратил понуда од 65 милиони евра плус бонуси, но Интер ја одбил истата.




Останува да видиме дали францускиот клуб ќе испрати нова понуда и дали Интер ќе се согласи на продажба на самиот крај од трансфер пазарот.