Само три дена после елиминацијата во плеј-офот за Лигата на шампионите, тренерот на црвено-белите Дејан Станковиќ си поднесе оставка.
Одлуката на Станковиќ за заминување е изненадувачка и нечекувано. Црвена Звезда европскиот пат го продолжи во групната фаза од Лигата на Европа и е голем фаворит во домашното првенство.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Треба да се потсети дека српските клубови поради добрите изданија во Европа од наредната сезона ќе имаа директно место во групната фаза од ЛШ.
„Ц. Звезда е моја голема љубов, неописива емоција, а сега после третиот обид да ја внесам во ЛШ се чувствувам празно, зашто на најголемата љубов не успеав да и го дадам тоа што најмногу го сакав. Не можам повеќе, дадов сѐ од себе, а сега треба некој друг да се обиде.
Мене овие три години ми беа најубави, нешто дополнително ме изгради, ме направи подобар и поквалитетен. Благодарност на фудбалерите, управата, на навивачите, кои се најзаслужни за тоа“, објави Станковиќ.
На кормилото на Звезда Станковиќ застана во 2019 година како наследник на Владан Милојевиќ.