Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Ливерпул: Слабиот старт нема да биде проблем

Ѕвездата на Ливерпул: Слабиот старт нема да биде проблем

Ливерпул неочекувано лошо ја отвори сезоната и нема победа во првите три кола од Премиер лигата.

Притоа, беше поразен во големото дерби на Олд Трафорд, но ситуацијата не е проблем за играчите или менаџерот Јирген Клоп, смета напаѓачот Луис Дијаз.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Имавме малку тежок почеток. Не е баш како што го посакувавме пред почетокот на сезоната. Ние сме клуб кој сака да освои три бода на секој натпревар. Не би рекол дека е проблем за играчите или менаџерот, но сигурно сите знаеме дека мораме подобро“, изјави Дијаз.

„Црвените“ минатата сезона завршија на второто место зад шампионот Манчестер Сити, но тие моментално се на 16-та позиција откако освоија само два бода од три натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ветеранот на Реал Мадрид најави крај на кариерата!

Дани Карвахал му недостасуваше на Реал Мадрид можеби повеќе од било кога, што се забележа …