Tренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп после поразот од Јунајтед призна дека е малку загрижен поради ваквиот старт на сезоната.
За Ливерпул ова беше трет првенствен натпревар во новата сезона без победа. Пред поразот на „Олд Трафорд“ тимотн а Клоп ремизираше со Фулам (2:2) и Кристал Палас (1:1).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клоп на „Енфилд“ стигна 2015 година и ова му е најслабиот старт во сезоната откако е тренер на Ливерпул. Никогаш до сега од стартните максимални девет бода не освоил само два или помалку.
„Мораме да продолжиме да се бориме и да направиме се за да го задоволиме секој навивач што побрзо. Ситуацијата не е лесна. Имаме проблеми и спо вредите, што сигурно се одрази на располагање имаме само 14 или 15 играчи. Тоа не е пријатно“, изјави Клоп.
Во овој момент Ливерпул е на 16. позиција на табелата.