Дома Фудбал Англија Навивачите на Манчестер Јунајтед најавуваат хаос пред мечот со Ливерпул

Навивачите на Манчестер Јунајтед најавуваат хаос пред мечот со Ливерпул

Eкипата на Манчестер Јунајтед очајно ја започна новата сезона. Двата порази од Брајтон и Брентфорд се јасен знак дека сезонава повторно ќе бидат далеку од битката за врвот.

Како експресна реакција по поразот од Брентфорд пристигна Касемиро, но треба да се види дали Бразилецот може да поправи нешто во играта на „црвените ѓавили“. Навивачите се бесни и разочарани и се најавува дека околу 10.000 навивачи ќе протестираат пред мечот.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Ова не е првпат навивачите на Јунајтед да го изразат задоволството на ваков начин, претходната сезона дури и еден натпревар беше откажан поради големите демонстрациии и судирите со полицијата која го заштитуваше автобусот на Јунајтед.

Јирген Клоп се надева дека тоа овој пат нема да се случи, а ако веќе се случи очекува победата на зелена маса да биде доделена на неговиот тим.

„Се надевам дека нема да дојде до такво нешто, но ако се случи мислам дека ние ќе треба да ги добиеме бодовите. Нашиот тим нема ништо со таа ситуација и распоредот е премногу густ за да се одложува“, смета Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ветеранот на Реал Мадрид најави крај на кариерата!

Дани Карвахал му недостасуваше на Реал Мадрид можеби повеќе од било кога, што се забележа …