Дома Трансфер зона Изненадување: Варди е опција за Манчестер Јунајтед!?

Изненадување: Варди е опција за Манчестер Јунајтед!?

Реномираниот „Атлетик“ денес пренес вест која звучи изненадувачки, Џејми Варди би можел да го засили Манчестер Јунајтед!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Не е тајна дека Манчестер Јунајтед е во потрага по напаѓач, Кристијано Роналдо е блиску до заминување, а Варди е новото име со „црвените ѓаволи“ се поврзуваат. Сепак, навистина звучи изненандувачки после толку години во Лестер и голем број понуди Варди сега како 36-годишник да прифати понуда од „Олд Трафорд“.

Во игра е Мауро Икарди, претходно се споменуваше и репрезентативецот на Австрија Саша Калајџиќ, а ќе видиме до крајот од преодниот рок дали во Јунајтед ќе ги реализираат плановите.

Варди играјќи за Лестер стана легенда на Премиер лигата и со 24 гола беше еден од најзаслужните за сензационалната титула на Лестер во сезоната 2015/2016. За Лестер одигра 387 натпревари, постигна 164 гола и подели 64 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…