Дома Фудбал Oфицијално: ФИФА го промени датумот на почетокот на Мундијалот

Oфицијално: ФИФА го промени датумот на почетокот на Мундијалот

Како и што се најавуваше ФИФА и официјално го промени датумот на почетокот на Светското првенство.

Предвидено беше Мундијалот да стартува на 21. ноември, но промената е направена за домаќинот Катар да го отвори турнирот. Промената еп отврдена од советот на ФИФА, па така Мундијалот ќе биде отворен на 20. ноември во 19:00 часот.

Катар на стартот од Мундијалот ќе игра против Еквадор. Според претходниот календар прв натпревар требаше да биде Сенегал – Холандија на 21. ноември во 13:00 часот.

Образложувањето на ФИФА е дека традиција било СП да го отвори домаќинот или светскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ноќта кога пукна во Селтик: Роџерс замина, О’Нил се врати од пензионерскиот мир

Пред точно една година, оставката на Брендан Роџерс го потресе Селтик, а клубот побара при…