Дома Трансфер зона Челзи тргнува по ѕвездата на Рома

Челзи тргнува по ѕвездата на Рома

Челзи покажува сериозен интерес за ѕвездата на Рома и италијански репрезнетативец, Николо Заниоло.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тухел е во потрага по крилен фудбалер, па откако не успеа да го донесе Рафиња, сега ќе се насочи кон Заниоло.

Заниоло одби да го продолжи договорот со „волчицата“, кој му истекува во 2024 година, па поради тоа Рома е спремна да го продаде, но за неговата слобода бара 50 милиони евра.

Јувентус и Тотенхем имаа неуспешен обид да го ангажираат бидејќи не беа спремни да ја платат таа сума.

Челзи наводно е спремен да плати 50 милиони евра за 23-годишниот Италијанец и наскоро ќе започне преговори со Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…