Тотенхем го договори потписот на 19-годишниот лев бек Дестини Удоги од Удинезе, пренесуваат италијанските медиуми.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според Фабрицио Романо, „Спарси“ за талентираниот играч ќе платат 20 милиони евра плус бонуси.
Сепак, младиот дефанзивец нема да се приклучи на тимот на Антонио Конте до следното лето, бидејќи ќе остане уште една година на позајмица во Удинезе.




Удоги беше едно од откритијата за минатата сезона во Серија А, забележа 35 настапи со 5 гола и 3 асистенции, и го привлече интересот на италијанските гиганти Интер и Јувентус.




Има и 4 натпревари со младинската репрезентација на Италија, а Тотенхем успеа да ја победи конкуренцијата.