Иако се чинеше дека сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“, сепак Миралем Пјаниќ следната сезона ќе го носи дресот на Барселона.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оваа информација ја потврди каталонски „Спорт“, а се наведува дека одлуката за останување на Пјаниќ ја донел Чави Ернандез по средбата со плејмејкерот.
Чави истакна дека сака да го задржи Пјаниќ, но под услов Миралем да прифати намалување на платата.




Откако Пјаниќ се согласи на намалување од 40%, отстранета е и последната пречка за останување, а како што се наведува, Пјаниќ за место во тимот ќе се бори со Серхио Бускетс.




Пјаниќ минатата сезона не добиваше минутажа и во јануари замина на позајмица во Бешикташ, па ова лето повторно се врати во Барселона.