Дома Трансфер зона Батшуаји оди на нова позајмица?

Батшуаји оди на нова позајмица?

Според последните најави од Островот Миши Батшуаји е пред нова позајмица, овој пат во редовите на Вулверхемптон каде што би настапувал како позајмен играч до крајот на сезоната.

И покрај тоа што на Челзи му недостасува напаѓач, Белгиецот не ја доби довербата од Тухел па затоа е на излезни врати од „Стенфорд Бриџ“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот 28-годишник кој пристигна во Челзи во 2016 година своевремено го споредуваа со Дидие Дрогба, но таквите очекувања никогаш не ги исполни. Последните две сезони тој ги помина во Кристал Палас и Бешикташ, а во 2018 играше за Борусија Дортмунд.

Челзи се уште бара засилување во нападот, изненадувачки од вчера се појавија информациите за преговори со Пјер Емерик Обамејанг. Тухел имаше одлична соработка со Габонецот во Борусија Дортмунд, а ќе видиме дали сега повторно ќе се спојат во Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…