Тотенхем не се откажува од намерата да ја донесе во своите редови ѕвездата на Рома, Николо Заниоло.




Италијанецот е голема желба на Антонио Конте и откако Рома ја одби првата понуда, сега „спарси“ спремаат нова понуда.




Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Заниоло одби да го продолжи договорот со „волчицата“, кој му истекува во 2024 година, па поради тоа Рома е спремна да го продаде, но за неговата слобода бара 50 милиони евра.




Поради тоа Јувентус се откажа, но Тотенхем сака во договорот да вклучи и еден играч.
Англискиот клуб е спремен покрај кеш да испрати и еден играч во Рим, а Мурињо ќе може да бира помеѓу Регулион, Ндомбеле и Ло Селсо.