Јувентус сака да го врати Алваро Мората иако италијанскиот клуб не ја искористи опцијата за откуп после истекот на позајмицата од Атлетико Мадрид.




Шпанскиот напаѓач не е во плановите на Диего Симеоне, додека Алегри силно го посакува во својот тим.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Директорите на Јувентус имале средба со агентите на Мората, кој исто така сака да се врати во Торино.




Атлетико пак е спремен повторно да го пушти на позајмица, но овој пат со задолжителен откуп за помала сума од 30 милиони евра.




Минатата сезона Мората за Јувентус постигна 12 гола и запиша 9 асистенции, Алегри сака повторно да го има во својот тим.