Челзи го договори трансферот на 18-годишниот талент на Астон Вила, Карни Чуквуемека.




Станува збор за млад англиски репрезнетативец со нигериско потекло, кој важи за најголем талент на Островот во моментов.




Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Астон Вила сакаше да го задржи, но Чуквуемека влезе во последната година од договорот и одби да ја продолжи соработката.




Најсилен интерес за него покажуваше Милан, кој почна преговори со неговиот агент, но Челзи во последен момент успеа да ја победи конкуренцијата.




Двата клуба го договориле трансферот на Чуквуемека за 24 милиони евра, а играчот ќе потпише 5-годишен договор со „сините“.




Тој е офанзивен играч за врска и експертите го споредуваат со Џуд Белингам, а беше на радарот уште на Барселона и Баерн Минхен.