Дома Трансфер зона Фирмињо инсистира да го напушти Ливерпул

Фирмињо инсистира да го напушти Ливерпул

Иако вчера Јирген Клоп изјави дека Боби Фирмино е срцето и душата на тимот, Бразилецот сепак е одлучен во намерата да го напушти „Енфилд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


 Без разлика на заминувањето на Мане, со доаѓањето на Нуњез, заедно со Салах, Дијаз и Жота, Бразилецот тешко ќе ја добие минутажата која ја посакува.

Притоа, Фирмињо влезе во последната година од договорот и нема најави за негово продолжување, па и Ливерпул е спремен да го продаде ова лето.

Фирмино би можел да го загуби местото во бразилската репрезентација пред Мундијалот во Катар и инсистира да се пресели во клуб каде ќе има поголема минутажа.

Ливерпул е спремен да го пушти напаѓачот за 20 милиони евра, а најсилен интерес во моментов покажува Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…