Долго време медиумите шпекулираат за иднината на Кристијано Роналдо, а тоа очигледно не му се допаѓа на Португалецот.
Роналдо не се појави на почетокот на припремите на Јунајтед и поради тоа гласно се најавуваше негов трансфер. После сите пишувања сега Роналдо за првпат се огласи и ги критикуваше новинарите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Невозможно е барем е еден ден да не се зборува за мене. Ако тоа не е така печатот нема да заработува. Знаете дека со лаги ќе го привлечете вниманието, продолжете така можеби е еден ден ќе објавите нешто точно“, гласи пораката на Роналдо.
Во претходниот период Роналдо се поврзуваше со трансфер во Челзи, Баерн, Атлетико и Спортинг Лисабон.