Дома Трансфер зона Јувентус тргнува по Фабиан Руиз

Јувентус тргнува по Фабиан Руиз

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

Фабиан Руиз влезе во последната година од договорот, па поради тоа Наполи е спремен да слушне понуди.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


После повредата на Погба, Јувентус сака брзо да реагира и да донесе ново засилување во средниот ред, а најголема желба е токму Фабиан Руиз.

„Старата дама“ веќе подолго време е заинтересирана за Шпанецот и верува дека сега е вистински момент да го донесе во своите редови.

Наполи не сака да го продаде играчот на директен конкурент, но поради можноста да го загуби играчот без обештетување е спремен да слушне понуди и од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…