Дома Трансфер зона Сити му ја исполни и последната желба на Гвардиола

Сити му ја исполни и последната желба на Гвардиола

Манчестер Сити конечено постигна договор со Брајтон за трансфер на левиот бек, Марк Кукурела, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 23-годишен дефанзивец минатото лето пристигна од Гетафе за 18 милиони евра и тоа се покажа како одличен потег за Брајтон.

Тој е голема желба на Пеп Гвардиола која сака да ја засили левата бековска позиција, а последните информации се дека е постигнат договор и Сити за неговиот потпис ќе плати 36 милиони евра плус бонуси.

Кукурела е дете на Барселона, но никогаш не доби шанса на „Кам Ноу“, а во 2020 година беше продаден на Гетафе за 12 милиони евра. Сега на „Етихад“ доаѓа како замена за Зинченко, кој се пресели во Арсенал.

Ова најверојатно ќе биде последно засилување за „граѓаните“ ова лето, откако претходно пристигнаа Халанд, Филипс и резервниот голман Ортега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…