Даниел Малдини, синот на легендарниот Паоло Малдини ќе го напушти Милан и ќе се пресели во Специја.




Даниел Малдини минатата сезона дебитираше за првиот тим, постигна еден гол и беше дел од тимот кој освои Скудето.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Меѓутоа, раководството одлучи да го испрати на позајмица со цел оваа сезона да има поголема минутажа, а најсилен интерес за него покажа Специја.




Даниел денес го напуштил тренинг кампот на Милан, се поздрави со соиграчите и утре ќе го комплетира трансферот во Специја.




Малдини ќе игра за Специја на едногодишна позајмица без право на откуп и следното лето ќе се врати во Милан.