Дома Трансфер зона Челзи преговара со ПСЖ за Кимпембе

Челзи преговара со ПСЖ за Кимпембе

Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец, а најголема желба на Томас Тухел е капитенот на ПСЖ, Преснел Кимпембе.

Откако „сините“ го договорија трансферот на Кулибали од Наполи за 40 милиони евра сега ќе се насочат кон друга дефанзивец.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Откако ја загубија битката за Жил Кунде, сега примарна цел на „сините“ е Преснел Кимпембе, кој е голема желба на тренерот Томас Тухел.

Тухел сака да донесе двајца врвни дефанзивци после заминувањето на Рудигер и Кристенсен, па со Кимпембе и Кулибали ќе направи бедем во одбраната.

ПСЖ е спремен да го продаде Кимпембе и за неговата слобода бара 65 милиони евра, додека Челзи нуди 50 милиони евра, но преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…