Дома Трансфер зона Јувентус започна преговори со Паредес

Јувентус започна преговори со Паредес

Јувентус е силно заинтересиран за играчот на ПСЖ, Леандро Паредес, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус е во потрага по квалитетни засилувања на средниот ред, а голема желба на Алегри е токму Паредес.

Паредес има искуство во Серија А и „бјанконерите“ веруваат дека одлично ќе се вклопи и ќе биде идеален партнер на Погба во средниот ред.

ПСЖ е спремен да го продаде Аргентинецот и за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која Јувентус ќе се обиде да ја намали преку преговори.

„Старата дама“ стапила во контакт со агентот на Паредес и спрема понуда од 20 милиони евра плус бонуси. „Бјанконерите“ сакаат да се ослободат од Артур и Рабио и да го донесат Паредес како замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…