Дома Топ вести Де Јонг е проблем за Барселона: Не сака трансфер, одбива да ја намали платата

Де Јонг е проблем за Барселона: Не сака трансфер, одбива да ја намали платата

Френки Де Јонг не сака да се пресели во Манчестер јунајтед и неговиот план е да остане во Барселона, но за тоа ќе мора да се согласи на помала плата.

Барселона се обидува да се ослободи од Де Јонг на секој можен начин, па наводно раководството на тимот побарало од Холанѓанецот да ја намали платата за 50%.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барселона и Манчестер Јунајтед си подадоа рака за договор вреден 65 милиони евра плус уште 20 милиони евра бонуси. Сепак, овој трансфер не може да се реализира бидејќи Де Јонг не дава „зелено светло“.

Шпанските меидумии пренесоа дека од „Камп Ноу“ му поставиле ултиматум на Де Јонг – или да ја намали платата или да го прифати трансферот.

Но, Холанѓанецот очигледно не сака да се придржува до ваквите ултиматуми и преку своите претставници категорично изјави дека нема да си оди и нема намера ниту да води разговори за намалување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…