Дома Топ вести Реал Мадрид не се откажува од Нкунку

Реал Мадрид не се откажува од Нкунку

Реал Мадрид не се откажува од намера да ја доведе ѕвездата на Лајпциг и француски репрезентативец, Кристофер Нкунку.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот одигра фантастична сезона и беше избран за најдобар фудбалер во Бундеслигата, но минатиот месец го продолжи договорот со Лајциг.

Реал го следи 24-годишниот фудбалер веќе година и пол и на „Сантијаго Бернабеу“ се сериозно импресионирани од неговите квалитети. „Кралевите“ се во потрага по млад напаѓач кој ќе биде алтернатива за Бензема, а воедно и да биде инвестиција за иднината.

Нкунку неодамна потпиша нов договор со Лајпциг до 2026 година, но Реал спрема богата понуда и ќе се обиде да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Доколку не успее да го доведе ова лето, следната година Французинот ќе биде примарна трансфер цел на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…