Дома Трансфер зона Асенсио го одби Њукасл, останува во Реал

Асенсио го одби Њукасл, останува во Реал

Њукасл испратил прва понуда до Реал Мадрид за Марко Асенсио,  пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Асенсио влезе во последната година од договорот, а Реал одлучил да не му понуди продолжување на соработката. Тоа значи дека Шпанецот или ќе биде продаден ова лето или следното лето ќе замине како слободен агент.

Првата опција е многу поприфатлива за Реал, но Асенсио ја одбил понудата на Њукасл и сака да остане во Мадрид до крајот на договорот.

Асенсио би прифатил само понуда од клуб со големи амбиции кои се бори за трофеи и настапува во Лигата на шампиони.

Ливерпул и Милан покажуваа интерес за Шпанецот, но до сега не испратиле понуда за негов ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…