Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо е пред сензационален трансфер во Атлетико Мадрид, тврди „Дејли Мејл“.




Роналдо инсистира да го напушти Манчестер Јунајтед и се понуди на неколку европски гиганти, но наиде на затворена врата, а сака следната сезона да игра за тим кој настапува во Лигата на шампиони.




Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Роналдо веќе разговарал со Диего Симеоне кој не ја отфрлил можноста да го донесе во Атетико бидејќи смета дека тимот со него ќе направи скок во квалитет.




Притоа, Португалецот е спремен значително да ја намали својата плата за да потпише со Атлетико и да се врати во Мадрид.




Пред да го комплетира трансферот Атлетико треба да се ослободи од некоја од своите ѕвезди за да ослободи простор за платата на Роналдо, а најверојатно „јорганџиите“ ќе се обидат да се разделат со Антоан Гризман.