Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман го потврди доаѓањето на новиот напаѓач, а станува збор за младиот француски талент, Матис Тел.




18-годишниот напаѓач на Рен важи за еден од најголемите таленти на европскиот фудбал, а Баерн Минхен го обезбеди неговиот потпис.




Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Баерн Минхен на Рен му плати 20 милиони евра отштета, а сумата може да се зголеми за дополнителни 8,5 милиони евра со лесно остварливи бонуси.




Младиот напаѓач утре треба да пристигне во Минхен на лекарски прегледи, да го комплетира трансферот и ќе стави потпис на 5-годишен договор.




„Тел е млади и талентиран, може да игра на повеќе позиции во нападот. Тој е многу брз, силен и има одлична техника. Мислам дека може да постигнува по 40 голови во сезона“, изјави Нагелсман.