Милан и Барселона се силно заинтересирани за 18-годишниот талент на Астон Вила, Карни Чуквуемека.




Станува збор за млад англиски репрезнетативец со нигериско потекло, кој важи за најголем талент на Островот во моментов.




Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Астон Вила сака да го задржи, но Чуквуемека влезе во последната година од договорот и нема намера да го продолжи, бидејќи има понуди од многу европски гиганти.




Тој е офанзивен играч за врска и експертите го споредуваат со Џуд Белингам, а најсилен интерес за него покажуваат Милан и Барселона.




„Росонерите“ веќе започнале преговори и испратиле понуда од 10 милиони евра, додека Астон Вила во моментов бара 15 милиони за неговата слобода.