Дома Топ вести Пресврт: Барселона го „украде“ Кунде пред носот на Челзи

Пресврт: Барселона го „украде“ Кунде пред носот на Челзи

Иако вчера сите медиуми објавија дека Челзи е на чекор до ангажман на Жил Кунде од Севиља, сега дошло до голем пресврт.

Имено, познатиот шпански новинар Жерард Ромеро објави дека Барселона успеала да го „украде“ дефанзивецот пред носот на Челзи.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


„Сините“ имаа договор со Севиља, но самиот Кунде преферира трансфер на „Камп Ноу“ и Барселона успеа да ја добие битката.

Барселона цела ноќ работела на трансферот за Кунде, а утрово постигнале договор со Севиља.

Шпанските медиуми тврдат дека трансферот 99% ќе се реализира, а Барселона за потписот на Кунде ќе плати 60 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…