Баерн Минхен стапи во контакт со агентите на Хари Кејн и сака да го донесе англискиот напаѓач на „Алијанц Арена“.




Баварците се во потрага по врвен напаѓач кој ќе биде замена за Левандовски, а Хари Кејн е прв на листата желби.
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Капитенот на англиската репрезентација има договор со Тотенхем до 2024 година, но дал позитивен одговор на понудата на Баерн Минхен.




Меѓутоа, Тотенхем сигурно нема лесно да го пушти својот најдобар фудбалер, а тоа го покажа и минатото лето кога Сити понуди 100 милиони евра за неговиот потпис.




„Билд“ пренесува дека Баварците добиле зелено светло од напаѓачот, но се уште немаат започнато преговори со Тотенхем.




Кејн сака да се пресели во клуб каде ќе се бори за најважните трофеи, но „Спарси“ за неговата слобода бараат 150 милиони евра, што е премногу за заинтересираните клубови.