Дома Трансфер зона Скамака пред трансфер во Премиер лигата

Скамака пред трансфер во Премиер лигата

Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака е блиску до трансфер во Вест Хем, пренесуваат медиумите на Апенините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според италијанските медиуми, „чеканите“ испратиле официјална понуда до Сасуоло за напаѓачот кој оваа сезона во Серија А постигна 16 гола на 38 натпревари.

Скамака беше на радарот на Интер, Милан и ПСЖ, кои не беа спремни да платат 40 милиони евра колку што бара Сасуоло.

Вест Хем испратил понуда од 40 милиони евра и трансферот е многу блиску до реализација.

Сасуоло ја прифатил понудата, па останува уште напаѓачот да ги договори личните услови, но веќе дал согласност за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…