Дома Топ вести „Бомба“: Депај се враќа во Манчестер Јунајтед

„Бомба“: Депај се враќа во Манчестер Јунајтед

Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона ова лето бидејќи е ставен на трансфер листа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и добро ја започна сезоната, меѓутоа Чави не е симпатизер на неговата игра и му порачал да си бара нов клуб.

Притоа, клубот има финансиски проблеми, па сака да го продаде Холанѓанецот, а интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата.

Англиските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран да го врати Депај на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ бараат засилување во нападот, а Тен Хаг многу ги цени квалитетите на Депај и сака да го донесе во својот тим.

Барселона е спремна да го пушти за 20 милиони евра, сума која нема да биде проблем за „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…