Дома Топ вести Роналдо во незгодна ситуација, му откажа уште еден европски гигант

Роналдо во незгодна ситуација, му откажа уште еден европски гигант

Реал Мадрид е последниот клуб од Европа кој ја одбил можноста да го доведе Кристиано Роналдо ова лето, пренесува „Марка“.

Португалецот беше дел од „кралскиот“ клуб цели девет години и стекна легендарен статус со уникатна статистика од 450 гола на 438 натпревари, а освои и 4 титули во Лигата на шампиони.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Роналдо моментално сака да го напушти Манчестер Јунајтед, па неговиот менаџер Жорге Мендеш го предложи на неколку европски гиганти, кои настапуваат во Лигата на шампиони.

Меѓутоа, проблем за Роналдо е што секаде наидува на затворена врата. Баерн Минхен, Челзи, Атлетико Мадрид, а сега и Реал Мадрид го одбија Португалецот.

Роналдо сега е во тешка ситуација бидејќи не сака да остане на „Олд Трафорд“, но не може да најде нов клуб кој ќе му понуди договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…