Дома Топ вести Челзи го договори трансферот на Кунде

Челзи го договори трансферот на Кунде

Челзи е исклучително активен на трансфер пазарот, особено кога се во прашање дефанзивците.

Откако „сините“ го договорија трансферот на Кулибали од Наполи за 40 милиони евра сега блиску до комплетирање на трансферот на уште еден врвен дефанзивец.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Станува збор за дефанзивецот на Севиља и француски репрезентативец, Жил Кунде, кој е најголема желба на Томас Тухел.

Челзи уште минатото лето го сакаше Кунде, но тогаш Севиља одби да го пушти, а сега самиот играч потврди дека е спремен да ја промени средината.

Интерес за дефанзивецот покажува и Барселона, но Челзи ја победи конкуренцијата и веќе постигна договор со Севиља.

Експертот за трансфери Ди Марцио потврди дека Севиља ја прифатила понудата од 50 милиони фунти плус бонуси и трансферот е пред реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…